Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарите во Горно Лисиче и Крива Паланка што избувнаа вчера, се уште не се изгаснати

/

Македонија

Сподели преку :

До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка.

Под контрола е ставен пожарот над село Зелениково каде гореше шума и ниска вегетација.

Градоначаникот на Крива Паланка Сашо Митовски рече дека пожарот што вчера околу 11 часот избувна на депонијата за комунален отпад во непосредна близина на Крива Паланка е од поголем обем, а во неговото гаснење повеќе од 15 часа се вклучени сите расположливи служби.

Митовски посочи дека во текот на ноќта во гаснењето активно учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, како и екипи од соседната општина Ранковце. Тој очекува  до крајот на денот пожарот да се изгаси.

Jumbo 2