Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Загрижувачки преседан“ и „можен институционален притисок“- коментира Јошевска од Судскиот совет каде Уставниот суд пријави судија поради непочитување на одлука за слобода на изразување прекршена во упадот во Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Можен институционален притисок- коментар  на Јошевска од Судскиот Совет каде Уставниот суд испрати известување дека граѓански судија не ја почитувал нивна одлука за утврдено прекршување на слободата на изразување.

Додека Судскиот совет се уште чека да го добие известувањето од Уставниот суд дека судија од скопскиот граѓански суд не ја почитувал нивната одлука и ја отфрлил како нов доказ во постапка за загрозување и за нарушување на слободата на изразување на новинарка за време на упадот во Собранието на 27-ми април, пред десет години- меѓу првите реакции стигна од членката на Судскиот Совет, Сузана Јошевска Анастасовска.

Јошевска преку Фјесбук како личен став потенцира дека известувањето на Уставен суд за судија значи „воспоставување на потенцијално загрижувачки преседан.“

ФБ СТАТУС НА СУЗАНА ЈОШЕВСКА АНАСТАСОВСКА, ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ: 

Испраќањето одлука на Уставниот суд до Судскиот совет “за понатамошно постапување”, во која толкување на процесен закон од страна на редовен судија, во сè уште незавршена постапка, се квалификува како “неизвршување на одлука на Уставен суд”, со имплицирање на кривична одговорност, според мое лично мислење, отвора сериозни прашања за границите меѓу уставната контрола и судската независност. Би рекла дека допира и прашања на можен институционален притисок.

Јошевска не одговори на повиците на Телма, а ниту претседателот на Судскиот Совет Александар Камбовски не беше достапен за дополнителни коментари. Уставниот суд, покрај до судскиот Совет, за непочитувањето на одлуката го извести и Обвинителството.

Уставниот суд за првпат го користи правото да следи извршување на нивни одлуки и известување до надлежните институциии и истражните органи.

-Врз основа нa претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот, стои во член 91 од Актот на Уставниот Суд. 

Од друга страна, судиите имаат имунитет и не може да одговараат за одлуки кои ги носат како судии. Имунитетот е утврден со Уставот и со законот за судовите.

Член 65 од Законот за судовите

1) Судиите во вршењето на судиската функција уживаат имунитет.

(2) Судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесувањето на судската одлука.

Судскиот Совет и Обвинителството сега се на крстопат- од една страна е правото на слобода на изразување и загрозеност на новинарите утврдено со одлука на Уставен суд чии одлуки мора да се применат, од друга страна судијата има право на независно одлучување, и се повикал на закон кога одбил како нов доказ да ја бара правдата за новинарите кои ризикуваа на 27-ми април.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2