Од ДУИ возвратија на соопштението на ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?, наведувајќи дека токму ваквото јавно прозивање на Обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.
Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.
„Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа на докази, а не врз основа на политички и партиски директиви. Селективна партиска правда не им е потребна ниту на граѓаните ниту на Северна Македонија“,
порачаа од ДУИ.
Партијата тврди и дека за својата загриженост информирала претставници на меѓународната заедница, вклучително и за последното соопштение на ВЛЕН.
„Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази и вештачења, а не врз основа на партиски наредби и желби“, велат од ДУИ.













