Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во несреќата во која загина мотокциклист, учествувало и друго возило – полицијата го уапси возачот кој побегнал без да им пружи помош на повредените

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата лиши од слобода едно лице кое со своето возило исто така учествувало во  сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско. Тој побегнал од местото на несреќата без да им пружи помош на повредените. Полицијата дошла до овие сознанија додека ги прегледувала видео снимките од несреќата и го уапсила синоќа во Арачиново.

„За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените“, соопштија од полиција.

46 годишниот возач С.О е пронајден околу 19:40 часот во с.Арачиново, тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава

Несреќата се случи вчера на пладне на ул.„Радишанска“ во Скопје  помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата почина мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.

 

 

Jumbo 2