Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ: Филипче е опкружен со наркомани и насилници кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува ,,деца на Македонија”

/

Македонија

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение ја критикува опозицијата дека  прави скандали за да печали политички поени а кога нема случај го креираат.

Според партијата таков бил случајот од пред неколку дена во Ново село кога  „предавникот Филипче се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл, за сега кои беа со него, осудени наркомани и насилници, да ги претстави како „деца на Македонија“.

„Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства.

Едниот од нив, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Ефтимов, заедно со Илија Стојанов, е правосилно осуден на условна казна затвор во траење од една година и шест месеци за крвнички тепање луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, пак, покрај насилство, има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

И ова не е сè. Во паничното обраќање на Филипче од Ново Село, до него стоеше и Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДС, кој според јавно достапните информации станува збор за лице кое се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки.

Меѓу другото, Трифуновски бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека „ваквите ликови ниту можат да бидат „децата на Македонија“, ниту можат да се продаваат како новото лице на СДС“, и бараат СДСМ да се дистанцира од лицата кои ги посочуваат во соопштението.

 

Jumbo 2