Опозициската СДСМ денеска преку писмено соопштение праша „Дали и Савески е на екскурзија“?
Од партијата обвинуваат власта дека долго време ја криеле епидемијата во Гостивар и давале лажни ветувања на граѓаните дека наскоро водата ќе биде чиста, додека обвинителството не одговора кој е виновен за кризата.
„Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна.Како знаеше? Имаше „чувство“?
Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше? Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата?
Тошковски сигурно исто ја следи – како стручњак за хиперхлорирање и испирање цевки. А како тогаш со недели уверуваа дека водата е „технички исправна“? Како граѓаните да ја користат за капење и миење кога во неа имало бактерии и вируси?“,прашува опозициската партија и бараат јавно да се објави документ врз основа на кој се дозволило користење на „техничка“ вода.
Од СДСМ прашуваат и до кога ќе молчи Обвинителството.
„Ало, Савески? Дали сте на екскурзија? Или правилото „обвинителот не се повикува“ важи само кога не станува збор за Мицкоски? Мицкоски може од Собрание, од телевизија и по телефон.
Граѓаните не можат. Граѓаните сега можат јасно да ги видат на дело сите овие „стручњаци“ на криминалната група ВМРО – почнувајќи од шефот на тендер-бандата, Христијан Мицкоски“, пишува во партиското соопштение на СДСМ













