Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опериран 28-годишниот маж кој падна од тобоган во Кушадаси и скрши вратен пршлен – утре со владин авион се враќа во Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Одморот во Турција  за македонски државјанин заврши со тешки повреди. Дваесет и осумгодишен маж паднал од тобоган и скршил вратен пршлен.

Тој е опериран и е во стабилна состојба. Според извори на Телма, повредениот се здобил со фрактура на петтиот цервикален пршлен.

По барање на неговите родители, а со одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство, денеска за Турција ќе полета владиниот авион со лекари од Клиничкиот центар.

Се очекува утре повредениот да биде транспортиран во земјава, каде што ќе биде хоспитализиран и ќе го продолжи лекувањето на Клиниката.

С.П.

Jumbo 2