Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Активни пожари во селата Могила и Ропотово – горат ниска вегетација и стрниште

/

Македонија

Сподели преку :

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од активните пожари, едниот е во атарот на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на Општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште.

Од пожарите ставени под контрола, едниот е на депонија во општина Делчево, а другиот во место викано „Стојанова населба“ во подрачјето на село Грешница, Општина Македонски Брод, каде опожарени се ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.

Jumbo 2