Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) СДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ

/

Македонија

Сподели преку :

Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски. Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ. Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски, Драган Павловиќ Латас, велат од СДСМ.

„Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ – сега оди во уште полоша форма. Ниво на сеење омраза и бес. Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник“, рече на денешната прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа почосчи неколку примери како: кловновска дружина; комуњарско коњиште; духовен изрод; евтин хохштаплер; смешен кловн со две леви нозе и сл. Истакна дека ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза.

Jumbo 2