Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските обврски, додека Комисијата за струччен надзор треба да даде одговор дали медицинскиот третман, дијгагностичките и терапевтските постапки биле соодветни.
„Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Сепак, имајќи ги предвид сериозните здравствени компликации на пациентката, донесено е решение за спроведување стручен надзор над целокупниот тек на нејзиното породување и натамошно лекување. Комисијата за стручен надзор е составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезиологија, гинекологија, радиологија и неврохирургија“, велат од Министерство за здравство
За да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побарал во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава, информираат од Здравство.
Младата Станка Михајлова се породила на 26 јуни во штипската болница. Според тврдењата на семејството, уште тогаш тешко се движела, а по отпуштањето од болницата свекорот ја однел дома на раце, иако пред да се породи немала никакви проблеми. Нејзината состојба во наредните денови се влошувала, по што на 4 јули била префрлена на лекување на Клиниката за неврологија во Скопје. Во медицинскиот наод е наведено дека пациентката е примена по породување со спинална анестезија, со слабост на двете нозе и отежнато мокрење. По извршената магнетна резонанца биле утврдени промени од деветтиот до единаесеттиот пршлен.
Петар Догов

Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат , по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка. Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од… Продолжи со читање

Министерството за здравство (МЗ) издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде што се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и заврши во инвалидска количка. Нејзиниот свекор деновиве преку видео на… Продолжи со читање













