Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонредни инспекции во сите три болници каде се лекувала 19 годишната родилка која остана парализирана

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за здравство соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат , по налог на министерот Сашо Клековски, спроведува вонреден инспекциски надзор во Општата болница Струмица, Клиничката болница Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, каде што била лекувана 19-годишната пациентка.

Од Министерството информираат дека во наредните денови ќе биде прибрана целокупната медицинска документација од трите здравствени установи, по што ќе бидат изготвени заклучоците од стручниот надзор и, доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Во соопштението се нагласува дека ќе бидат заштитени достоинството, приватноста и личните и медицинските податоци на пациентката, а јавноста се повикува да се воздржи од шпекулации и предвремени заклучоци додека траат постапките. Апел е упатен и до медиумите и јавноста да го почитуваат достоинството на здравствените работници, чија евентуална одговорност, како што наведуваат, може да се утврди единствено по завршувањето на стручниот надзор.

Министерството најави дека по завршувањето на надзорите транспарентно ќе ја информира јавноста за утврдените факти и за понатамошните чекори.

Случајот се однесува на 19-годишната пациентка од струмичкото село Баница, која по царски рез изведен во Клиничката болница во Штип останала со параплегија и се движи со инвалидска количка. Таа е мајка на две деца.

Во меѓувреме, директорот на Клиничката болница Штип, Владко Захариев, соопшти дека пациентката по царскиот рез била испишана во добра општа состојба, а подоцна се јавила со слабост на долните екстремитети.

Захариев за случајот со родилката во Штип: Ќе се формира стручен тим, ако се утврди лекарска грешка ќе има одговорност

Директорот на Клиничка болница Штип, Владко Захариев денеска се огласи во врска со случајот на деветнаесетгодишна родилка Станка Михајлова која остана во инвалидска количка по породување со царски рез во Штип. Тој порачува дека постоперативниот тек бил уреден и пациентката била испишана во добра општа состојба. По извесен период таа се јавила во регионалната болница… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2