Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Месецов истекува последниот рок за истрагата, можно ли е Груби да излезе од домашен притвор?

/

Македонија

Сподели преку :

До 22 август е максималниот рок за притвор за  поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ  и тогаш е можно тој да биде пуштен од куќен притвор, доколку  обвинителот не подигне обвинение против него, објави СДК.

Од обвинителство за Телма велат дека истрагата е се уште во тек, поради што нови детали за овој случај не може да се споделуваат.

Од Кривичниот суд пак велат дека ако нема обвинение постои можност куќниот притвор на обвинетиот да се укине.

–Ако нема обвинение, куќниот притвор на осомничениот за кој прашувате му се укинува и Основниот кривичен суд Скопје по службена должност одредува мерка за обезбедување присуство. Најчесто тоа е одземање на патната исправа, одговориле од Кривичниот суд за СДК.

Артан Груби е осомничен за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија. Тој 14 месеци беше во бегство и сам на 23 февруари се врати на граничниот премин Блаце. Иако со определен затворски притвор, помина само три часа во Шутка и му беше сменета одлуката.

Артан Груби се уште не е сослушан во истрагата за Лотарија

Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е соомничен и во домашен притвор во рамки на истрагата за злоупотреби во Државна Лотарија се уште не е распитан и не дал исказ пред обвинител во постапката. Ова го потврди и државниот обвинител Ненад Савески на денешниот брифинг со новинарите на кој рече дека секој обвинител работи согласно свој… Продолжи со читање

telma.com.mk

Сите перат раце од домашниот притвор на Груби – пазарење или грижа за неговата безбедност?

Сите се обидуваат да си ги исперат рацете од домашниот притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој по 14 месеци се врати во земјава и со насмевка ѝ се предаде на полицијата на граничниот премин Блаце. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат со кого се испазарил Груби и кој се плаши од тоа што… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2