Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стручните матуранти со највисок просек

/

Македонија

Сподели преку :

Просечната оценка на матурантите од јунската матурска сесија изнесува 3,66, покажуваат конечните резултати објавени од Министерството за образование и наука по разгледувањето на приговорите.

Највисок успех е забележан кај учениците кои полагале државна стручна матура со просек 3,91, додека просекот кај државната матура е 3,62, а кај уметничката матура 3,59.

Во јунската сесија биле пријавени 14.587 ученици кои го завршиле средното образование во учебната 2025/2026 година. Од нив, 12.184 полагале државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 ученици државна уметничка матура. На испитите не се појавиле 348 пријавени ученици.

Оваа година за првпат беа реализирани три типа матурски испити – државна, стручна и уметничка матура.

Најголем интерес имало за англискиот јазик, кој го избрале 13.208 матуранти, а учениците имаа можност да полагаат и други предмети, меѓу кои математика, странски јазици и историја.

Jumbo 2