Словенечката нуклеарна електрана Кршко соопшти дека од полноќ ќе работи со 80 проценти од моќноста на реакторот поради нискиот водостој на реката на Сава.
„Поради продолжување на исклучителните хидролошки и метеоролошки услови на реката Сава, на 6 август, ќе започне со постепено намалување на моќноста на реакторот. Во првиот чекор, моќноста ќе се намали на 80 проценти“, се наведува во соопштението на централата.
Последниот пат на работа со намалена моќност на нуклеарната централа беше во 2003 година поради температурата и протокот на реката Сава. Тогаш моќноста беше намалена повеќе од 90 дена.
Доколку сегашните хидролошки и метеоролошки услови продолжат и дополнително се влошуваат, Кршко ќе продолжи дополнително да ја намалува моќноста на реакторот. Кршко покрива околу 20 проценти од енергетските потреби на Словенија и околу 16 отсто од потребите на Хрватска.
Фото: youtube/printscreen












