Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казните што ги наплаќал за непрописно паркирани возила ги задржувал за себе – полицаец доби 8 дена притвор

/

Македонија

Сподели преку :

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК отвори истрага против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје, осомничен за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинителството, полицаецот го оштетил државниот буџет за најмалку 85.500 денари.

Според досегашните докази, во периодот од април до јули годинава, тој при наплата на казни за непрописно паркирани возила во депото на ЈП „Градски паркинг“ наместо преку ПОС-терминал, примал готовина која ја задржувал за себе.

Во дел од случаите изрекувал пониски глоби од предвидените или воопшто не изготвувал записници, дозволувајќи возилата да го напуштат депото без наплата на казна.

По барање на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка му одреди притвор во траење од осум дена.

Мерката е определена поради опасност од бегство, можност за повторување на делото и влијание врз сведоци во текот на истрагата.

Jumbo 2