Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Екстремни температури ја зафатија Македонија: Најризични се хронично болните

/

Македонија

Сподели преку :

Високите температури, топлотниот бран кој ја зафати Македонија која во моментов е во портокалова фаза ќе бидат наше секојдневие и во претстојнте два дена.  Во Скопје во текот на утрешниот ден се очекува максимална температура до 39 степени. Високите температури ќе продолжат и во втората половина на месец август, можеби за неколку степени пониски, но сепак над просекот за месец август.

„Температурите дневни во следните денови ќе бидат во интервал од 33 па се до 39 степен. 40 степени наместа особено во јужното Повардарие очекуваме во деновите од викендот, но може локално да се достигне и 41-от степен.

Во скопската котлина очекуваме максимална температура до 38 степени, а во следните денови  до 39 степен значи за Скопје е највисока температура во следниве денови до 39 степени“, (тонско Јулијана Фиданоска-Мишкоска, УХМР.

Зголем број на интервенции бележи и итната медицинска помош. Во континуитет на дневно ниво и Институтот за јавно здравје со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките додека трае топлотниот бран. Да се избегнуваат напорни физички активности во периодот меѓу 11 и 17 часот, да се носи светла облека, доколку се престојува во затворени простории да бидат соодветно климатизирани  и  начинот на исхрана да биде соодветен на препораките. Но и покрај тоа што Македонија не се соочува за прв пат со топлотен бран загрижува фактот дека некои граѓани сепак не ги почитуваат препораките.

„Значи најмногу ме загрижува кај ранливите категории на лица, односно хроничните болни коишто излегувааат во периодот којшто не е дозволен за да излегуваат на отворено и затоа треба особено да се внимава хроничните болни, особено оние со кардиоваскуларни заболувања, со невролошки, со белодробни заболувања да ја земаат својата терапија редовнио и соодветно да избегнуваат излегување на сонце во период кога се забранува.  

Дополнително ние како Институт за јавно здравје имаме и препораки и за вработените особени оние коишто се во отворени простории, а и оние кои работат во затворени простории да бидат добро климатизирани. Исто така постојат и препораки до матичните лекари како да ги препознаат симптомите кај пациенти со топлотен едем, со топлотен удар“, рече д-р Давид Здравески, Институт за јавно здравје. 

Во меѓувреме Сојузот на синдикати на Македонија ги повика работодавачите да спроведат мерки за заштита на здравјето и безбедноста на работниците поради високите температури што се предвидуваат во наредните денови.

 Нина Стефанова

Jumbo 2