Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 14 убиени, а повеќе од 22 се повредени во рускиот напади со балистички ракети врз Киев

/

Свет

Сподели преку :

Русија ја нападна Украина со балистички ракети и беспилотни летала, при што загинаа најмалку 14 лица, а најмалку 22 беа повредени во еден од најсмртоносните напади низ Киев оваа година.

За време на нападот, кој започна по полноќ, шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, рече дека „непријателот повторно масовно го напаѓа регионот на Киев“.

Предупредувањата за воздушен напад беа во сила повеќе од еден час, бидејќи бранови балистички ракети го погодија градот и неговата периферија. Воената администрација на Киев соопшти дека се оштетини станбени згради и магацини.

Ткаченко рече дека девет лица се убиени во областа Бориспил, четири во областа Буча и едно во областа Фастив.

Руското министерство за одбрана соопшти дека погодило логистички центри и центри за снабдување во Киев и околниот регион, објави Би Би Си.

„Овие центри биле вклучени во складирање, испорака на разни оружја и воени материјали, како и во производство и дистрибуција на беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Исто така, се наведува дека погодиле и три товарни бродови „кои превезувале оружје и воена опрема“ во близина на црноморското пристаниште Одеса.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека постојат стравувања дека луѓе би можеле да бидат заробени под урнатините по нападите врз центарот на градот.

Зеленски: Подготвени сме за сите формати на разговори со САД за постигнување мир

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва изјави дека Киев е подготвен за сите формати на состаноци со САД за постигнување мир преку преговори. Украинската дипломатија е „во секојдневен контакт со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп“ за процесот на преговори со Русија и е подготвена за „сите формати на состаноци, изјави Зеленски во секојдневното вечерно… Продолжи со читање

telma.com.mk