Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Оваа пожарна сезона ја минуваме доста добро, пожарите се гаснеа во прва фаза

/

Македонија

Сподели преку :

Доста добро ја минуваме оваа пожарна сезона, констатира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов во денешното Телма интервју на ТВ Телма.

„Во јули нè послужија и локалните дождови кои што во неколку наврати паѓаа на различни места низ државата. Но, морам да укажам дека и системот оваа година е значително поподготвен, и од организациски, но и од материјално-технички аспект. Така што пожарите се гаснеа во прва фаза“, изјави Ангелов.

Тој додаде дека на дневна основа во изминатиот период се бележеа по 10-15 пожари, а во текот на вчерашниот ден (понеделник, 3 август) биле регистрирани 30 на отворен простор.

„Триесетина пожари ако не бидат внимателно изгаснати во првата фаза, повеќето од нив имаат капацитет да се прошират во пожари што се тешки за гаснење. Такви пожари оваа година имавме само неколку, последниот е пожарот во Кавадарци кој што повеќе од сигурно е злонамерно подметнат од лице кое што бегало од шумската полиција и го палело на 500-600 метри. Пожарот е целосно ставен под контрола и во овој момент имаме оган на само едно непристапно место и таму дејствува еден „Ер трактор“ на Дирекцијата кој што полни вода од Тиквешко Езеро и очекувам денеска да биде целосно изгаснат“, истакна Ангелов.

С.Д.

Jumbo 2