Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Пожарот во Кавадаречко се очекува целосно да биде изгаснат до крајот на денот

/

Македонија

Сподели преку :

Пожарот во Кавадаречко, кој беше најтежок за гасење од околу 30-те пожари регистрирани вчера низ државата, е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот да биде целосно изгаснат.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека во гасењето учествувале ер-трактори, полициски и армиски хеликоптери, како и бројни екипи на терен.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изјави дека пожарот избил на повеќе локации во атарот на Раец, Дреново и Ќесендре, по што биле ангажирани сите расположливи сили.

Според него, координираната акција помогнала да бидат заштитени населението, имотите и високостеблестата шума.

На терен остануваат екипи за контрола и патролирање, со цел да се спречи повторно активирање на огнот.

Jumbo 2