Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски – го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

/

Македонија

Сподели преку :

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено, се вели во денешното соопштение на СДСМ до медиумите.

  • Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија.

Од опозицијатата потенцираат дека официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

  • Христијан Мицкоски
  • министерот Клековски
  • и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар, се сели во соопштението на СДСМ.

 

Jumbo 2