Дрон удри во плажа во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти. 40 се повредени од кои 17 лица се хоспитализирани.
На снимки од социјалните мрежи, потврдени од Би-Би-Си, може да се види како дрон се движи кон карпа пред да се урне и експлодира на плажата додека граѓани гледаат од брегот и во водата.
Гувернерот на регионот Краснодар, Венијамин Кондратјев, ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“.
Украина не даде коментар. Двете страни негираат дека намерно ги таргетирале цивилите.












