Двајца малолетници од Гостивар и 20 годишник од Скопје се осомничени за претепување на две момчиња со тврди и дрвени предмети. По брза постапка, тие утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постпка.
„Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.
По целосно документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка“, соопштија од МВР.
Насилството во полиција синоќа го пријавил 22 годишниот А.В. од Гостивар кој рекол дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица.
На видеото што беше објавено на социјалните мрежи се гледа како едно од момчињата добива силен удар со нога во главата, по што паѓа на асфалтот и останува да лежи.Снимката покажува како едно од присутните лица му приоѓа и продолжува да го удира со дрвена прачка, која се крши од силината на ударите.

Жестока физичка пресметка помеѓу група млади луѓе во Гостивар покажува видео на социјалните мрежи меѓу поголема група млади лица на улица во Гостивар. На видеото се гледа како едно од момчињата добива силен удар со нога во главата, по што паѓа на асфалтот и останува да лежи без да се движи. Снимката покажува како едно… Продолжи со читање













