Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗС: Три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на „Бехтел&Енка“ и една од Боговиње. Истите досега по двапати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште по два турнуса на дотур“, кажа Ангелов.

Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар.

Ангелов повтори дека нема промени со состојбата во Гостивар, односно водата сè уште не е за пиење, бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сè уште има бактерии.

Според него, водата и натаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекува да биде прогласена за исправна, додека хиперхлорирањето продолжува понатаму.

Jumbo 2