Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Тимчо Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата – но тие се тајна, реагираат од СДСМ на интревјуто на министерот за надворешни работи Тимчо Муцински.

Од опозициската партија прашуваат како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани?

-Од СДСМ велат дека Муцунски истакнал дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“, поради што потсетуваат дека Мицкоски го нарекол Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.

  • Христијан Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“.

 

  • Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани.

 

  • Истиот Тимчо Муцунски изјави дека НАТО е одлична работа – не само за безбедноста на граѓаните, туку и за странските инвеститори (кои ги избркаа – инвестициите паднаа за 60% откако ВМРО-ОКГ ја превзеде власта).

Значи сите тројца го потврдија успехот на претходната влада и ја пофалија нејзината дипломатија.

За какви „попуштања“ зборува Муцунски?

Нивните лаги повеќе не се ни креативни. Нема веќе материјал за креативност.

Граѓаните ги прочитаа.

И уште нешто важно: претходната влада на СДСМ, покрај дипломатските успеси (НАТО и почеток на преговорите со ЕУ), беше пред сѐ транспарентна.

Не работеше зад затворени врати и далеку од очите на јавноста.

Единствена „тајна“ беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас – истата што продолжува и денес.

Прашањето до граѓаните на Македонија е едноставно:

После сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, после сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат – Дали му верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во име на граѓаните и нивната иднина?

Дали му верувате на Мицкоски?. прашуваат од СДСМ.

 

Jumbo 2