На 103-годишна возраст во Скопје, почина доктор Никола Стојановски. Како највозрасен пратеник, тој беше претседаваше на конститутивната седница на првото македонско повеќепартиско Собрание на 8 јануари во 1991 година по што му го препушти местото на Стојан Андов.
Стојановски е роден на 8 февруари во 1932 година во велешкото село Скачинци. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград во 1952 година, а шест години подоцна специјализирал педијатрија во Загреб.
Стојановски целиот работен век го посвети на докторската професија, а во дел беше и директор на болницата во Велес. Долги години раководеше и со Сојузот на борци на Македонија.













