Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица повредени, автомобилот во пламен – сообраќајна несреќа во Хрватска, романски државјанин заспал на волан

/

Свет

Сподели преку :

Четворица романски државјани се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска во Хрватска. Увидот утврди дека 50-годишен државјанин на Романија, кој управувал сопствен автомобил со британски регистарски таблички, заспал на воланот, по што возилото излетало од патот, удрило во метална заштитна ограда од која се одбило и се запалило.

Во автомобилот, покрај возачот, се наоѓале и 45-годишна жена, 27-годишно момче и малолетно лице, сите романски државјани. Против 50-годишниот возач ќе биде поднесена пријава за предизвикување на сообраќајна несреќа.