Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптери кои гаснеа пожар во Грција

/

Свет

Сподели преку :

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а со операцијата на терен раководел началникот на противпожарна служба на Грција Теодорос Вајас.

„Во двата хеликоптера беа вкупно четворица мажи, од кои двајца грчки и двајца странски државјани. Двајца од нив се пронајдени живи, додека двајца беа извлечени без знаци на живот и беа преземени од возила на итната медицинска помош“, соопштија од противпожарната служба на Грција.

Тие додадоа дека двата изнајмени хеликоптери полетале од аеродромот Елефсина во близина на Атина, а надлежните органи ги истражуваат точните причини и околностите под кои се случила несреќата.

Се судрија два хеликоптера додека гаснеа пожар во Грција – во тек е спасувачка операција по екипажите

Два хеликоптера кои учествувале во гаснење на шумски пожари во областа Псата во Грција се судрија во воздух. Според првичните информации, спасени се двајца пилоти кои биле екипаж во едниот хеликоптер, додека по нивните колеги од другото летало и натаму се трага. Според „Катимерини“, хелокоптерите се урнале во исклучително неповолни околности за летање. Продолжи со читање

telma.com.mk