Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел се изгаснати

/

Македонија

Сподели преку :

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени Ер -тракторите.

„Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена вознемиреност кај граѓаните е пожарот на територија на Општина Струга. Конкретно, имавме два пожари на отворен простор – едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола. Очекувам набргу и тој да биде изгаснат. Во текот на денешниот ден немаше побарувања за ангажан на ер тракторите“, изјави Ангелов.

Во однос на состојбата со водата во Гостивар, Ангелов рече дека нема промени, односно водата сеуште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии.

„Водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекуваме да биде прогласена за исправна. Хиперхлорирањето продолжува понатаму“, рече Ангелов.

Jumbo 2