Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на автопатот „Мајка Тереза“, во непосредна близина на наплатната рампа Глумово, во правец кон Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 1 август во 20:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Н.А. од тетовско Порој, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Д.А. од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот И.П. (43).
Во несреќата тешко биле повредени сите тројца возачи. По укажаната прва помош, тие биле пренесени во Клиничкиот центар во Тетово и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.













