По повод 2 Август, Денот на Републиката, на сите граѓани на Северна Македонија им го честитаме празникот, се вели во честитката од ВРЕДИ по повод празникот.
–Овој ден нè потсетува на историските стремежи за слобода, еднаквост и правда, вредности врз кои се темели нашата Република и кои го определуваат нејзиниот мултиетнички карактер. Овој празник е и можност да се осврнеме на патот што заеднички го изминавме како држава и општество, како и да ги зајакнеме меѓусебното разбирање, соработката и посветеноста на општото добро, без оглед на етничките, верските или политичките разлики, велат од Вреди.
Оттаму посочуваат дека одговорност на сите нас е да ги чуваме и унапредуваме овие вредности, градејќи модерна, праведна и рамноправна држава во која секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и рамноправен. Само така можеме со сигурни чекори да ја водиме земјата кон европското семејство.













