Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ги одбележува двата Илиндена: Државни чествувања во Крушево, Скопје и Пелинце

/

Македонија

Сподели преку :

Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, кои претставуваат двата најзначајни настани за македонската државност.

Централниот настан традиционално се одржува во Крушево,.

Одбележувањето започна со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, по што ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“.

На народниот собир на Мечкин Камен се оджува церемонија на положување цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република, а програмата ќе продолжи со настап на ансамблот „Танец“.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“, а ќе положи цвеќе и пред спомениците на Никола Карев и АСНОМ.

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце, каде што се одбележува 82-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.

Традиционално, во селото Трново се одржува 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Илинденското востание започнало на полноќ спроти Илинден 1903 година кога околу 800 востаници го ослободиле Крушево. Крушевската Република траела десет дена под раководство на Никола Карев, пред да биде угушена од 18-илјадна османлиска војска.

Четириесет и една година подоцна, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ под претседателство на Методија Андонов-Ченто, со што е потврдена македонската државност и е конституиран македонскиот јазик како службен.

Настаните стартуваат од утре, јавноста сè уште чека одговор колку ќе чини прославата за независноста

На почетокот на мај беше првата прес-конференција на која се соопшти дел од програмата за тоа како ќе се одбележи денот на независноста 8 Септември. Се објавија познати светски имиња, но од тогаш, па сè до денеска сè уште нема податок колку ќе чини сето тоа што треба да се плати од јавните пари, иако… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2