Со сериозни проблеми се соочува Србија поради екстремната топлина и ниското ниво на водата во Дунав, предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во интервју за ТВ Ниш истакна дека дека понатамошното намалување на нивото на реката може да предизвика големи тешкотии.
Нивото на реката Дунав, која тече низ десет земји од југозападна Германија до Црното Море, се спушти на досега невидено ниво на поголемиот дел од својот тек.

Нуклеарната централа Пакш во Унгарија, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде исклучена уште овој викенд поради рекордно ниските нивоа на водата на реката Дунав, изјави во вонредното обраќање премиерот Петер Маѓар. Единствената нуклеарна централа во Унгарија ќе се исклучи за првпат во својата историја поради рекордно ниските нивоа… Продолжи со читање












