„Бидете претпазливи и внимателни“, ги предупреди Стејт департмент, Aмериканците, кои во моментов се наоѓаат во државите на Блискиот Исток. Во случај на евентуална ескалација на тензиите подгответе се да заминете од регионот – пишува во објавата.
–Американците во регионот треба да размислат за заминување или да бидат подготвени да заминат доколку има ескалација. Американците надвор од Блискиот Исток треба сериозно да размислат за патување до и низ регионот, а оние кои патуваат до или од регионот треба да ги следат информациите на аеродромите и авиокомпаниите, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во известувањето од Стејт департментот, на државјаните на САД им се укажува и дека треба да имаат предвид можни откажувања на летови, периодично затворање на воздушниот простор и можни други прекини во патувањето.
Предупредувањето доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура.












