Шпанските власти јавуваат дека е сменета ситуацијата со мигрантите во својата енклава Сеута на северот на Африка и тврдат дека 37.500 луѓе кои пристигнаа од Мароко по копно и по море, доброволно се враќаат таму од каде што дошле.
Мароканските сили со палки и солзавец ја принудија масата да се повлече од капиите на Сеута, со цел да спречат уште еден налет врз малата територија на Шпанија на брегот на Средоземното Море.
Министерството за внатрешни работи на Шпанија соопшти дека од четвртокот наутро во Сеута преминале околу 60.000 луѓе, а исто така процени дека околу 37.500 од нив веќе се вратиле во Алжир.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен напиша на социјалните мрежи дека сцените во Сеута се „неприфатливи“ и додаде: „Не смееме да дозволиме никому да влезе во нашата (Европска) унија, а да не ги почитува нашите правила“.












