Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евростат: Над една четвртина од граѓаните на ЕУ не можеле да си дозволат една недела одмор во 2025 година

/

Свет

Сподели преку :

Над една четвртина (27,5 отсто) од населението на Европската Унија (ЕУ) постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат.

Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 отсто во однос на 2024 година, но истовремено бил за 7,7 отсто понизок отколку пред 10 години, во 2015 година.

Најголем удел на населението кое не можело да си дозволи една недела одмор е забележан во Романија (61,4 отсто), потоа во Грција (46,6 отсто), додека Бугарија и Унгарија имале по 39,1 отсто.

Наспроти тоа, најмали удели се забележани во Луксембург (10,6 отсто), Шведска (12,4 отсто) и Холандија (12,8 отсто).

Податоците на Евростат се однесуваат на можноста на домаќинствата да финансираат најмалку една недела годишен одмор надвор од својот дом, што претставува еден од показателите за материјалните услови за живот на населението.