Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унапредување на соработката меѓу Македонија и Србија во енергетиката, инфраструктурата и земјоделството – Мицкоски го пречека Мацут во Охрид

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.

„Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

На средбата, како што пишува Мицкоски, е потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.

На аеродромот во Охрид, српскиот премиер го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

„Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Jumbo 2