Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Власта повторно доцни за Гостивар, дури денеска реагира за опаноста од жолтица

/

Македонија

Сподели преку :

Власта повторно покажа дека реагира задоцнето кога станува збор за здравјето на граѓаните, наместо навремена превенција, институциите се разбудија дури откако епидемијата во Гостивар доби сериозни размери, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми.

„Водата во Гостивар е показател дека сите реакции се задоцнети. Дури денеска Министерството за здравство носи некакви препораки за рано детектирање и откривање симптоми, детекција на пациенти, кога веќе епидемијата има многу силен замав. Сега стигнуваат препораки од Комисијата за заразни болести, а пред две недели предупредив дека следно што може да се јави е хепатит“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата покажа максимална несериозност и импровизација, и укажа дека институциите немаат одговор ниту за дополнителните превентивни мерки кои треба да се преземат за да се спречат нови последици по јавното здравје.

Филипче посочи дека е недозволиво граѓаните да добиваат препораки да користат техничка вода, без институциите да дадат одговори на најважните прашања, од каде доаѓа таа вода, кој ја контролира и како се гарантира нејзината безбедност.

На брифингот Филипче нагласи дека наместо транспарентни и јасни информации, власта направи целосната конфузија и дава контрадикторни изјави, а граѓаните не знаат кому да му веруваат.

-На кого да му веруваме, на Клековски или на Христијан? За техничка вода ќе биде или нема да биде? Контрадикторни изјави, рече Филипче.

Филипче предупреди  и на можните ризици со безбедноста на водата во Скопје, и побара надлежните институции јавно да одговорат дали се проверени бунарите што го надополнуваат системот Рашче.

 

Jumbo 2