Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Хамас ќе биде разоружан, а Израелските сили ќе се повелачт од Појасот Газа

/

Свет

Сподели преку :

Доналд Трамп, изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа.

Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година.

– Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа, конечно, да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ – објави Трамп на сопствената социјална мрежа.

Тој додаде дека во исто време „Израел ќе ја добие безбедноста што ја заслужува, а Газа повеќе нема да се користи како база за терористички напади.

И Мировниот комитет, меѓународна организација формирана како дел од планот за завршување на војната, потврди дека Хамас „се согласил на детален план за спроведување на следните фази од прекинот на огнот во Газа“. Според Мировниот комитет, договорот е резултат на повеќемесечни преговори.

Договорот што ќе се спроведува во фази Трамп го оцени како голем пресврт.

– Кога ќе биде завршено разоружувањето, израелските сили ќе се повлечат, а Меѓународните сили за стабилизација ќе соработуваат со новата палестинска полиција за да се осигурат дека Газа е безбедна за нејзините жители и нејзините соседи – наведе Трамп.

Тој додаде дека, според договорот, Појасот Газа „конечно ќе биде во рацете на нова палестинска влада, која ќе му служи на својот народ“.

Но, не се објавени детали од договорот за разоружување. Израел и Хамас сè уште официјално не ги коментираа изјавите на Трамп.