Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија под „црвен аларм“ поради екстремни горештини, температури до 42 степени

/

Македонија

Сподели преку :

Македонија и во наредните денови ќе биде под влијание на силен топлотен бран, со сончево и стабилно време и температури значително над просекот.

Во најтоплите делови од земјата се очекува максималните температури да достигнат и до 42 степени Целзиусови.

Метеоролозите најавуваат претежно ведро време со слаб до умерен ветер, а дневните температури ќе се движат од 35 до 42 степени.

Највисоки вредности се очекуваат во јужните и централните региони.

Надлежните предупредуваат граѓаните да избегнуваат изложување на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да бидат внимателни со најранливите категории.

Лекарите препорачуваат ограничување на физичките активности на отворено во најтоплиот дел од денот, носење лесна облека и користење заштита од сонце.

Поради сувото време и високите температури, зголемен е и ризикот од пожари, па се апелира да не се пали оган на отворено.

Топлотниот бран се очекува да продолжи и во празничниот период околу 2 Август – Илинден.

Jumbo 2