Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марковски има тешки состаноци во Србија, во сабота ќе се врати во земјава – адвокатот на обвинетиот битолски бизнисмен уверува дека тој не е во бегство

/

Македонија

Сподели преку :

Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски се наоѓа во Србија, но не е во бегство, туку имал бизнис обврски, тврди неговиот адвокат. Марковски ја напушти државата на граничниот премин Табановце, откако струшкиот суд му го врати пасошот кој претходно му го одзеде како мерка на претпазливост. Марковски и уште седум други лица се обвинети за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

Марјан Николоски, адвокатот на Марковски за Телма вели дека неговиот клиент отишол во Србија каде има фирма и ќе се врати во земјава претстојниот викенд.

„Тој има сериозна фирма во Србија. Без него не може да функционира. Денеска и утре има тешки состаноци. Сабота ќе биде во Македонија. Значи не станува збор за бегство. Тој има гаранција оставено. На крајот на краиштата не се чувствува ни виновен. Ние сакаме да почне судењето и брзо да се заврши затоа што сметаме дека ќе ја докажеме невиноста. Станиците се демонтирани, подигнати, транспортирани и во целост монтирани, швајцувани и склопени на место определено од одговрни лица во РЕК Битола“, вели Николоски.

Од државното обвинителство соопштија дека во моментов не може да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Надлежниот јавен обвинител од струшкото обвинителство на 15 јуни дал негативно мислење за укинување на дополнителните мерки за претпазливост. Одбраната на Марковски се жалела во повисокото вишо обвинителство во Битола кое донело позитивно мислење за враќање на пасошот.

„Како аргументи за ваквата одлука, Вишиот јавен обвинител изнесува став дека со определената гаранција се исклучени околностите кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот. Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата“, велат од ЈОРСМ.

Од обвинителството додаваат дека сите аспекти на таквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани. Адвокатот Николоски додава дека одлуката на судот по претходното дадено мислење од вишото обвинителство е сосема исправна и основана согласно законот. Марковски, , има обезбедување за опасност од бегство со залог во вредност од 5 милиони евра во недвижен имот, но за да не настапи недоместлива штета на неговата компанија во Србија, според неговиот адвокат, со право пасошот му е вратен за да се избегне штетата.

Претседателот на струшкиот суд, Вулнет Винца кој беше претседател на кривичниот совет кој донесе одлука да му го врати пасошот на Марковски заминува во пензија. Судскиот совет денеска го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција.

Инаку опремата набавена со јавната набавка која ја добила фирмата „Марковски компани“ која го носи името на обвинетиот воопшто не се планирала за во Битола. Откако бил потпишан договорот во висина од околу 1,7 милиони евра фирмата ги демонтирала машините од Кичево, ги донела во Битола и ги оставила немонтирани во кругот на РЕК „Битола”.

Марија Митевска

Jumbo 2