Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За да ја сокрие дрогата, девојка при полициска контрола голтнала поголема количина хероин

/

Македонија

Сподели преку :

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А. (25) и Р.Ј. (27) од Кочани, како и против Н.А. (22) од Кавадарци, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според Министерството за внатрешни работи, на 30 мај 2026 година, на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, по што третопријавената проголтала поголема количина хероин.

По извршеното испитување на Универзитетската клиника за токсикологија, било потврдено дека во нејзиниот организам имало поголема количина хероин.

По целосното документирање на случајот, против тројцата е поднесена кривична пријава.

Jumbo 2