Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избран наследникот на Мери Дика Георгиевска на челното место во Апелација

/

Македонија

Сподели преку :

Судијата Зоран Герасимовски ќе ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Апелацискиот суд откако досегашната претседателка Мери Дика Георгиевска беше избрана за уставна судијка.

Судскиот совет избираше меѓу Тања Милева и Зоран Герасимовски, по што беше одлучено функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас за избор на претседател на Апелацискиоит суд Скопје.

Судскиот совет донесе и одлука за мирување на судиската функција на Мери Дика по нејзиниот избор за член на Уставниот суд.

На седницата, Судскиот совет констатираше дека судијата во Основниот суд Охрид Вулнет Винца, кој ја извршуваше и функцијата претседател на Основниот суд Струга, ги исполнува условите за старосна пензија. Советот го отфрли неговото барање да му се пролнгира работниот стаж  поради пропуштање на рокот за доставување на потребната изјава.

Советот го избра Ндерим Полиси за в.д. претседател на Основниот суд Струга.

Jumbo 2