Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА ги повика членките на итен состанок, можен е бојкот на Светското првенство

/

Свет

Сподели преку :

Итен состанок ќе одржат земјите членки на Европската фудбалска федерација  оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација  за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство.

Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на УЕФА ќе одржат состанок преку видеоконференциска врска и би било изненадување доколку на состанокот не се дискутира за можен бојкот.

Претходно оваа недела, ФИФА објави дека сака да формира нова комерцијална подружница за управување со своите големи натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство, и да им дозволи на надворешни инвеститори да купуваат акции во компанијата.

Инфантино нуди до 40 милиони долари за поддршка на планот за приватни инвеститори во ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испратил писмо до сите 211 национални фудбалски федерации и им дал рок до 19 септември да се изјаснат дали го поддржуваат контроверзниот план за влез на приватни инвеститори во комерцијалното работење поврзано со Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА. Светската фудбалска организација планира да формира нова компанија наречена „ФИФА… Продолжи со читање

telma.com.mk

Ова предизвика стравувања дека приватните инвеститори ќе добијат премногу влијание врз натпреварувањата. УЕФА остро реагираше, порачувајќи оти „фудбалот не е имот на ФИФА да го продава“.