Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инфантино нуди до 40 милиони долари за поддршка на планот за приватни инвеститори во ФИФА

/

Фудбал

Сподели преку :

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испратил писмо до сите 211 национални фудбалски федерации и им дал рок до 19 септември да се изјаснат дали го поддржуваат контроверзниот план за влез на приватни инвеститори во комерцијалното работење поврзано со Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА.

Светската фудбалска организација планира да формира нова компанија наречена „ФИФА Форвард Ентерпрајс“, во која би биле обединети целокупното комерцијално работење и организацијата на натпреварувањата, меѓу кои и Светските првенства. Компанијата е проценета на 20 милијарди долари, а со продажба на малцински удели на приватни инвеститори ФИФА планира да обезбеди до 4,2 милијарди долари.

Според планот, ФИФА би останала мнозински сопственик и би ја задржала контролата врз правилата, календарот, форматот и спортските одлуки.

Федерациите што ќе го поддржат предлогот би можеле да добијат пристап до најмногу 40 милиони долари во следниот развоен циклус. До 20 милиони долари би биле наменети за посебни инфраструктурни и развојни проекти, додека уште 20 милиони би биле достапни преку програмата „ФИФА Форвард“ за периодот од 2027 до 2030 година.

Најгласен противник на планот е УЕФА, која ја обвини ФИФА дека го става фудбалот во служба на приватни интереси. Против начинот на кој бил подготвен предлогот се изјаснија и КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација, чии претставници тврдат дека не биле консултирани и дека за деталите дознале преку медиумите.

За реализација на предлогот е потребна поддршка од повеќе од половина од 211-те членки на ФИФА, како и одобрение од Советот на светската фудбалска организација.

*Фотографијата е креирана со помош на вештачка интелегенција.