Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УХМР со метеоаларм: Од 29 јули во земјава екстремно високи температури

/

Македонија

Сподели преку :

Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување  поради очекувани високи температури кои ќе ја зафатат земјава во периодот од 29 јули до 2 август 2026 година.

Според најавите на УХМР, во следните денови ќе преовладува многу топло време, а во поголем дел од државата се очекуваат екстремно високи дневни температури.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат подолг престој на директно сонце, да внесуваат доволно течности и да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран.

Посебна претпазливост се препорачува за постарите лица, хронично болните, децата и бремените жени, како и за лицата кои работат на отворено.

УХМР ќе продолжи да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за евентуални промени на временските услови.

Jumbo 2