Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните да се внимателни кога се во природа – советува доктор Чибишев, две лица каснати од „Црна вдовица“, а има многу каснувања и од змии

/

Македонија

Сподели преку :

Високите температури, климатските промени, сушата и зголемената концентрација на веномите кај инсектите го зголемија и бројот на пациенти со убоди на Клиниката за токсикологија. Само во изминативе дваесет дена се евидентирани два случаи на пациенти кои биле каснати од пајакот Црна вдовица. 61 годишна жена која работела земјоделски работи во велешкото село Еловец примена на Токсикологија и 16 годишно момче од Радовишко.

„Морам тука да истакнам дека пациентот претходно бил на повеќе клиники, па завршил на Клиника за дерматовенерологија, колегите од клиниката многу брзо реагирале го примиле во болница, му дале терапија и тука сакам да ја истакнам таа хоризонтална поврзаност на клиниките или на здравствените институции во Македонија коишто соработуваат меѓу себе тие побараа консултации од кај нас, наши доктори беа таму го погледнаа момчето. Донесовме конзилијарен заклучок дека се работи за каснување од Црна вдовица и детето беше примено кај нас успешно излекувано и пуштено дома“, рече проф. д-р Андон Чибишев, Универзитетска клиника за токсикологија.

Станува збор за пајак кој е присутен кај нас и обично живее во некои запуштени простори, темни, но има и пациенти кои биле каснати на нива, вели професор Чибишев.

„Многу ретко овие каснувања завршуваат фатално. Пајакот поседува токсин кој е невротоксин, значи го напаѓа нервниот систем и обично дејството по каснувањето почнува за 15 до 20 минути со многу силни мускулни болки, значи тоа е неговото најприсутно дејство. Инаку може да има грчеви во стомакот, главоболка вртоглавица. Може да биде опасен кај повозрасни пациенти и деца каде во склоп на целата оваа клиничка слика може да се јават грчеви, односно конвулзии и пореметување на свеста.  И во литературата има опишано фатални случаи меѓутоа кај повозрасни пациенти кои имаат коморбидитети“, додаде докторот.

Во овој период на Универзитетската клиника за токсикологија зголемен е и бројот на пациенти кои се каснати од змии и граѓаните треба да бидат внимателни посебно кога престојуваат во природа. Да ги следат препораките на лекарите и соодветно да реагираат  и што поскоро да побараат помош во здравствените институции .

Нина Стефанова

 

Jumbo 2