Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против три лица кои се сомничат за кривичните дела „давање награда за противзаконито влијание“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „примање поткуп“. При претресот на полициски службеници кај второ и третопријавените се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65.280 евра 29.840 франци и 161.500 денари.
- Пријавената А.Т., како студент на Стоматолошки факултет, со намера да се стекне со Уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку на платформата Вибер, на пријавениот С.Ч., професор на Стоматолошки факултет и поранешен Потпретседател на Стоматолошка комора му дала награда во вид на парични средства кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка.
Парични средства му биле дадени на С.Ч. со цел истиот да изврши влијание кај пријавениот С.Е. во својство на Претседател на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство, при што пријавената А.Т. во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со Уверение за положен стручен испит“, се наведува во соопштението на МВР.

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците, Сабетим Ќеркези е осомничен дека примил награда за да помогне во полагање на стручен испит за стоматолог. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) дошло до докази против Ќеркези преку екстрахираните податоци од одземените мобилни телефони во истрагата за ботоксите. „Според досега прибраните докази, во декември… Продолжи со читање













