Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ на праг на најлошата сезона на пожари од постоење на мерењата – досега изгоре површина колку цел Луксембург

/

Свет

Сподели преку :

Шпанија е најсилно погодената членка на Европската Унија (ЕУ) од пожари оваа година во однос на големината на земјата и уделот на изгорена површина. Податоците на Коперникус, европска програма за набљудување на Земјата, покажуваат дека огнот уништил повеќе од 200.000 хектари што претставува околу 0,4 проценти од шпанската територија, пренесува Еуроњуз.

Со пожари се бори и соседна Португалија која со 0,3 проценти изгорена територија е на второ место во ЕУ која е на пат да ја забележи најлошата сезона на пожари од постоење на мерењата. Според европскиот информативен систем, во 2026 година се регистрирани околу 1.200 пожари, што е повеќе од двојно во однос на годишниот просек (569).

Според Европската комисија, досега во ЕУ изгореле над 250.000 хектари земја, површина колку цел Луксембург.

Големи пожари ја зафатија и Франција, каде се евакуирани околу 260.000 луѓе, а најтешко страдаше југозападниот департман Жиронд.