Вести Македонија

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Пет пациенти со потврден вирус западно-нилска треска во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника, додека за тројца кај кои е засегнат централниот нервен систем се уште се чекаат резултатите од Институт за јавно здравје. Сите пациенти се на возраст над 60 години. Во одредени случаи западно-нилската треска може да биде без симптоми и лесна клиничка форма, но може да биде и невроинвазивна, со вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки  со потешки последици.

„Кај сите пациенти е дијагностицирано неуроинванзивна форма на вирусот западен нил. За жал еден повозрасен болен 76 годишен е потешко болен и е во Центарот за интензивна нега. Пациентот е на респираторна поддршка, затоа што кај него е покритична состојбата.   Другите пациенти се стабилни и се префрлени во одделот за неуроинфекции“, рече д-р Фадил Цана, директор на Универзитетска клиника за инфективни болести.

Во однос на епидемиолошката анкета важно е да се каже дека кај повеќето е негативна, вели доктор Цана што значи дека пациентите не патувале надвор од земјава.

Сите пациенти се од Скопје, но од различни населби: Илинден, Кисела Вода, Гази Баба. Кај двајца од сите овие пациенти имаме епидемилошка анкета којашто ние ја викаме позитивна, престојувале во Грција, додека кај другите инфекцијата е стекната во државата.  Многу е важно да се напомене дека оваа инфекција не се пренесува од човек на човек, туку само преку убод од инфициран комарец“,вели д-р Фадил Цана, директор на Универзитетска клиника за инфективни болести)

Најчестите симптоми се висока температура, силна главоболка и одредени невролошки симптоми.

Во Македонија годинава се регистрирани четири случаи на маларија, три на денга треска, зика еден случај и осум на западно-нилска треска.

„Сите овие четири болести што ги кажав се пренесуваат со комарци, комарци кои ги има како тип во Македонија, иако за претходните три се импортирани. Јас до сите би препорачал посебна внимателност во личната заштита посебно до застоени води, таму каде што има бари, мочуришта и слично. Повик до луѓето што патуваат во Африка и во Индискит океан посебно сега Занзибар и Малдиви да ги следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса. Во Центар за јавно здравје -Скопје и во другите центри ги има соодветните препораки и профилакси, рече Сашо Клековски, министер за здравство.

Во континуитет се комуницира со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство за следење на комарците и соодветна превенција. Во програмата на Институтот за трансфузиона медицина е предвидено и стандардно тестирање на крвта и за вирусот на западнонилска треска, за да се избегне евентуална трансмисија преку дарување на крв.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе