Вести Македонија

Се обидел да раздели тепачка, насилниците го избоделе со нож

Дваесет и четири годишник од Скопје бил избоден со нож во градски парк кај „Фонтана“ откако, како што изјавил во полициска станица, се обидел да раздели тепачка меѓу неколку лица.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана – појаснија од Министерството за внатрешни работи.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По една недела укината забраната за пиење на водата во Крушево

Kristina Kuzmanovski

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе